АвтоПлус Тест Chery FX: Лицето на иднината

Моделот FX е најмладиот од низата на компанијата Chery и како таков својот фокус го насочува кон помладата урбана публика која непрестанато трага по возило со изразен дизајнерски „стајлинг“, напредна технологија и иновативни решенија.

Кинеските авто производители „созреаа“ за далеку пократок временски период од колку што им требаше на јапонските или корејските марки. Времето на копирање и користење туѓи технологии е веќе далечно минато. Конкурентноста на автомобилите што доаѓаат од Кина повеќе не ја прави само поволната цена, туку и она што се добива за вложеното. Компанијата Chery е една од првите која го пробива патот на европскиот континент, со намера да се наметне како бренд  што може да ја промени играта, а за тоа голема улога игра авангардниот кросовер FX.

По свои правила

Еден од главните аспекти на Chery FX, секако е неговиот впечатлив екстериер. Обликот е инспириран од концептот „уметност во движење“ со кој се истакнува неговата впечатлива и авангардната линија со исклучителен стил. Воедно, преку него се сплотува естетиката и функционалноста на несекојдневно хармоничен начин во футуристички кросовер модел кој не може да помине незабележан. На предниот дел доминантна улога игра масивната предна решетка со тридимензионален облик во дијамантски терк над чии крајни рабови се сместени тенките дневни светла. Светлосните групи се одвоени и се сместени подолу во маската. Силуетата го открива слегувачкиот-лебдечки покрив што е задолжен за трендовскиот „купе“ облик и неколку црвени елементи кои го подигаат визуелниот ефект.

На задниот дел погледот го привлекува големиот спојлер кој е изведен во две нивоа. Дизајнерскиот тим и тука е играл со колоритот, горниот дел е изведен во сјајна црна боја, додека понискиот дел е акцентирана со црвена нијанса. Од кој било агол, Chery FX е визуелно впечатливо возило кое привлекува големо внимание, иако не ги следи „правилата на игра“ што ги поставија некои од неговите ривали несомнено изгледа динамично, особено во двобојна комбинација на надворешноста како што е и тестираниот примерок.

Прецизно, уредно, напредно

Во внатрешноста Chery FX продолжува со истата комбинација на стил и функционалност која е применета и на надворешноста. Интериерот е исклучително добро и модерно дизајниран, а се забележува и големото внимание посветено на деталите и квалитетот на употребените материјали. Овде, оние со остро око ќе ги забележат дизајнерските потези кои прецизно ги следат луксузените автомобилски брендови. Показателелот доаѓа во форма од 10,25 инчен екран на допир задолжен за „инфотејмнет системот“ и 10,25 инчен дигитален кластер пред возачот. Екраните со висока резолуција се интегрирани во една целина и го дополнуваат авангардниот дизајн што треба да обезбеди одредена индивидуалност.

Тест Chery FX

Во делот од новите технологии се и двете позиции на централниот гребен за одлагање на мобилните телефони кои во исто време овозможуваат и нивно безжично полнење. Поврзувањето со системот е без употреба на кабли, а пресликувањето на вашиот Apple или Android уред нема да трае повеќе од 30 секунди. Доколку не сакате да ги одвоте рацете од управувачот  витруелниот асистент е секогаш на располагање, со повикување ,,Hey Chery“. Изненадува неговото препознавање на глас, брзина на реакција и можност за управување со посложени функции… систем кој е еден од ретките што сме ги користеле, а не затаил во некоја команда!

Максимален комфор

Возачот и патниците целосно уживаат во сите опции за комфор и удобност, како што е акустиката на Sony со 8 звучници, амбиентално осветлување во повеќе нијанси… Па така Chery FX со должина од 4.400 мм. ширина од 1.830 мм и висина од 1588 мм. нуди дарежлив внатрешен простор. И не само на предните седишта, туку и на задниот дел каде возрасни лица со висина од 180 см ќе имаат доволно простор за нозете и соодветен простор за главата зад возач со иста висина. Багажникот е со зафатнина од окулу 380 литри, што е просечно за сегментот и доволно за едно четиричлено семејство. Долколку е потребно да транспортирате погабаритни предменти, неговиот волумен може да се зголеми до 1.026 литри со преклопени задни седишта.

Компанијата Chery кај своите модели нуди само една моторна опција, истата онаа која неодамна имавме можност да ја возиме во моделот Tiggo 8 Pro. Станува збор за 4 цилиндричен турбо бензински мотор кој од 1.6 литарска зафатнина испорачува излезна моќност од 186 КС при 5.500 вртежи во минута и солидни 275 Нм влечна сила во опсег од 2.000 вртежи во минута и 4.400 врт/мин. Моторот е поврзан со седумстепен автоматски менувач (7DCT), производ на Getrag со двојна спојка што ја испраќа силата на предните тркала. Во склоп со него работат и трите режими за возење „нормал“, „еко“ и „спорт“ достапни да обезбедат непречено задоволство во секоја прилика.

Идеален партнер

За забрзување до 100 км/ч потребни се солидни 7,8 секунди, а максималната брзина е округли 206 км/ч. За секои 100 изминати километри на FX му потребни 8.2 литри гориво, што е податок кој често се сретнува и кај конкуренцијата. Возните карактеристики се далеку подинамични од колку кај Tiggo 8 Pro, што е разбирливо ако се земат во предвид габаритите, пониската поставеност од коловозот и тежината на моделот FX. Да нема забуни, тука не зборуваме за спортист, но доколку се вози во спортски мод знае навистина да „потегне“.

Зад управувачот делува доста спретно и дозволува динамично темпо. Свиоците не преставуваат проблем, благодарение на потврдиот „сетинг“ на суспензијата. На отворен пат пак делува доста сталожен и смирен, што го прави идеален сопатник и на подолги релации. Добрата изолација на кабината ја дополнува целокупната рафинираност на возилото. На сето тоа треба да се додат и низа напредни системи за помош (ADAS) кои се грижат за максимална безбедност на возачот и сопатниците.

Тест Chery FX

Во Chery истакнуваат дека моделот FX е олицетворение на иднината што допрва треба да ја лансира компанијата во нова димензија. Ние би додале дека е одличен избор за оние кои бараат автомобил полн со стил, комфор и технологија. Неговата надворешност и ентериер се производ на модерните текови што го прави особено привлечен, додека напредните технологии и перформансите го ставаат во фокусот на современите возачи.

Технички податоци за Chery FX Noble Color  

Цена на тестираниот модел: 33.400 евра

МоторEuro VI, бензин, четиритактен, четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
работна зафатнина1.598 см3
пречник и од77,0 x 85,8 мм
степен на компресија–,-:-
Напојувањедве брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер
максимална моќ186 KС (136,5 kW) при 5.500 min/-1
макс. вртежен момент275 Нм при 2.000 – 4.000 min-1
Трансмисијана предни тркала преку 7-степен автоматски менувач
Потпирањенапред мекферсонови нозе, независни попречни рамења, стабилизатор, назад мултилинк, спирални пружини, телескопски амортизери
Сопирачкинапред самовентилирачки дискови, назад дискови, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
Пневматици215/55 R18 (напред) 215/55 R18 (позади)
КаросеријаSUV со пет врати, пет седишта
должина х ширина х висина4.400 x 1.830 x 1.588 мм
меѓуоскино растојание2.630 мм
траги (напред/назад )—-/—- мм
Тежина1.444 кг
максимална тежина-.— кг
Багажник378 литри
Резервоар50 литри
максимална брзина206 км/ч
забрзување 0-100 km/h7.8 секунди
потрошувачка (просек)7,1 л/100 км
емисија на CO2— г/км

Chery FX во Македонија

Chery FX Comfort29.500 евра
Chery FX Noble32.900 евра
Chery FX Noble Color33.400 евра

Повеќе информации во Гранд Ауто на тел. (02) 30 73 103

Конкуренти:

Hyundai Konaод 29.900 до 43.300 евра
Nissan Jukeод 25.490 до 40.800 евра
Toyota C-HRод 29.350 до 34.790 евра
Mazda CX-30од 26.480 до 41.830 евра
ИЗВОР: https://avtoplus.mk/test-chery-fx-liceto-na-idninata/
Scroll to Top